Press "Enter" to skip to content

Репрезентативецот Андреј Митревски доаѓа во Битола, потпиша за Пелистер

Македонскиот репрезентативец Андреј Митревски е најнов член на Пелистер од Битола , откако го потпиша договор. Митревски со години важи за еден од најперспективните домашни играчи во Првата лига.

Митревски своите квалитети ги покажа и во претходниот претквалификациски циклус за СП 2027 во кој беше меѓу ретките светли точки во македонскиот национален тим, во просек бележејќи по 10,3 поени, 2,5 скокови и 2 асистенции по натпревар.
За услугите на овој кошаркар, кој доаѓа од редовите на скопскиот прволигаш Феникс, се интересираа и неколку клубови од американската НЦАА-лига, но тој го избра токму Пелистер како идеална опција за напредок во кариерата.

Митревски ги покрива позициите „еден“ и „два“, каде ќе му биде од огромна корист на тренерот Даскаловски за остварување на зацртаните цели за новата натпреварувачка сезона.