Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: тешко повреден 71-годишен велосипедист, на крстосница се “судрил“ со „ауди“

На 10.09.2025 во 10:46 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „4 Ноември“, ул.„Македонски Гемиџии“ и ул. „Солунска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со австриски национални ознаки, управувано од 57 годишник од Австрија и велосипед, управуван од 71 годишник од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Битола, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »