Битола станува дел од големото семејство на „Tinker Labs“, еден од најиновативните концепти за детска СТЕАМ едукација во Европа. Новиот центар се наоѓа на ул. “Игњат Атанасовски“ 17, кај горното “Веро“, и нуди современи програми за деца кои поттикнуваат креативност, истражувачки дух и љубов кон учењето.
Европска приказна со силно локално присуство
„Tinker Labs“ својата приказна ја започна во 2016 година во Осијек, Хрватска, а денес брои повеќе од 150 центри низ Европа – во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Унгарија и Македонија.
Кај нас, првиот центар беше отворен во 2020 година, а со отворањето во Битола, брендот дополнително го шири своето присуство надвор од главниот град.
Концепт што инспирира
Секоја програма на „Tinker Labs“ е составена од 40 наставни единици, поделени во четири дела, и се следи текот на академската школска година. Наставните материјали и работилници се адаптирани според возраста и способностите на децата, со цел секое дете да учи според сопствените потреби и интереси.
Центарите функционираат како вистински лаборатории кои инспирираат иновативен процес, преку активности што ја обединуваат науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката (STEAM). На овој начин, децата стекнуваат знаења и вештини што им помагаат не само во формалното образование, туку и во животот.
Професионален кадар и уникатна атмосфера
Во „Tinker Labs“ Битола, со децата ќе работи професионален кадар со долгогодишно искуство, посветен на креирање стимулативна и безбедна средина за учење. Секоја програма е внимателно приспособена на возраста на децата, со цел да се развиваат нивните интелектуални и креативни способности.
Уписите се веќе отворени
Родителите можат да запишат деца во текот на целата година, а препорака е да се започне уште од септември за да има следливост во часовите. Наставата започнува од 15 септември и се одвива еднаш неделно во траење од 75 минути, со вкупно 40 часа годишно. Во тек се демо часовите, за кои може да се пријавите на контакт телефонот 070296211. Следниот демо час е на 11 септември во 18.00h. Покрај редовните програми, „Tinker Labs“ организира и летни кампови со тематски работилници, како и популарните родендени на Tinker Labs, кои се меѓу најбараните настани кај децата од 6 до 12 години.
Со отворањето на „Tinker Labs“ во Битола, децата од регионот добиваат нова можност за учење преку експериментирање, игра и креативност. Центарот ја отвара својата врата за сите заинтересирани родители и ученици кои сакаат да станат дел од оваа едукативна авантура.
За повеќе информации и уписи,
посетете ја веб-страницата www.tinkerlabs.mk или следете ги официјалните профили на социјалните мрежи:
https://www.instagram.com/
https://www.facebook.com/







