Денес, сабота, 20 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 27 степени.
Утре, недела, 21 септември, во Битола времето ќе биде утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 28 степени.






