Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: “Чкембари“ прославија 30 години (мегафотогалерија)

-Пред 30 години, во 1985 година, со “одењето“ на мајсторката Пелистер -Партизан Бјеловар, мајсторка за опстанок во прва Југословенска лига и организирање на караван од 21 автобус од Битола се упатува за Белград да даде поддршка на ракометарите на Пелистер, започна организираното навивање во Битола, а од тогаш е постоењето на навивачата група “Чкембари“ од Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, и додава:

-На оваа утакмица се појавува за прв пат организирана група со транспаренти, за прв пат има организирано навивање…, а дечките во таа 1985 година се нарекоа “Чкемабри“, а мене ми е мило што сум со нив од почетоците, а уште помило што најголем дел од кои се основачи ми се и мои пријатели.Пред 10 години “Чкембари“ прославија 30 години од постоењето со десетина настани со кои го одбележаа јубилејот. “Чкембарите“, тогаш, во 2015 година, најнапред со одржување на прес конференција ги најавија своите активности, за прославување на големиот јубилеј 30 години од формирањето и исто толку години бодрење на сите екипи кои го носат името Пелистер.

Цела Битола една седмица беше во знакот на зелено-белата боја и ќе го прославуваше голем јубилеј 30 години од формирањето на навивачката група “Чкембари“.Прославувањето започна во спортската сала “Младост“ каде се одигра ревијален натпревар на “Чкембарите“ против легендите на битолскиот фудбал, а се одржа и крводарителска акција на која се јавија голем број на навивачи.Се одржа и трибина на која се зборуваше за спортот во Битола, а беше одржан и голем концерт на плоштадот “Магнолија“.Секако се одржа и “баклијада“, а после запалени стотици “бакли“ Широк сокак гореше, а според многумина тоа беше врвот на прославата.Членови на навивачката група “Чкемабари, навивачи заедно со основачите на групата, кое се нарекоа “Чкембари Ветерани“ уживаа во прославата, дружењето и враќање на сеќавањата. Исто така во Прилеп на градскиот стадион “Гоце Делчев“ се одбележи јубилејот на
навивачите и 70 години фудбал во Битола.Во салата “Младост“ во Битола ќе бидат одбележани 60 години ракомет со едночасовна забава на која ќе има пејачи, хумористи…Низ повеќе од педесетина фотографии на Сашо Ристевски, кој е заедно со “Чкембарите“ од почетоците на навивачката група “Чкембари“, може да се каже дека е дел од основачите, и за цело време има направено илјадници фотографии дома и на гостувања на клубовите кои го носат името на Пелистер, ве потсетуваме како беше пред 10 години, во 2015 година, а за крај ќе кажеме дека и силниот дожд не ја расипа прославата на Широк Сокак.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »