Press "Enter" to skip to content

Нема крај на брзото возење, 71 годишник со “голф“ возел 105 на дозволени 50 км/ч, го привеле

На 21.09.2025 во 17:09  часот на ул. „Крушевска Република“  во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.М. (71) од Битола.

При радарска контрола, полициските службеници утврдиле дека тој управувајќи патничко возило „голф” со германски регистарски ознаки се движел со брзина од 105 км/ч на место каде дозволено е  50 км/ч.

По документирање на настанот, против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело ,,безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од КЗ.

More from ВестиMore posts in Вести »