Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј победник на одбојкарскиот турнир во Битола (фотогалерија)

Пелистер Волеј – УГД Штип 2:1

Во спортската сала на медицинското училиште во Битола се одигра традиционалниот одбојкарски турнир кој го организира Пелистер Волеј, а домаќините за прв пат го освоија турнирот, после победата во финалето на екипата на УГД Штип со резулат 2:1 по сетови 25:13, 21:25 и 15:10.На турнирот Пелистер Волеј кој за прв пат се претстави пред битолската публика како прво лигаш со своите засилувања одигра два одлични натпревари на високо ниво, она за што и се подгтвуваа за целиот овај период.-Во првиот дуел со екипата на СД Врање 1093 покажавме надмоќ во секој сегмент од играта и победивме со максимални 2:0 (25:14 и 25:8), а во финалето против екипата на УГД Младост од Штип одигравме исто така еден квалитетен натпревар со голема зрелост и самоувереност, вели Роберт Митковски, а за финалето додава:-Во првиот сет имавме целосна контрола на играта и истиот го добивме со убедливи 25:13. Во вториот сет финалистот од Штип покажа дека тоа е противник на кој мора да се внимава и тоа е екипа во која има многу новини квалитетни имиња и странски засилувања, ние направивме неколку последователни неизнудени грешки па го загубивме тој сет со 21:25. Во третиот сет кој го добивме со 15:10 повторно имавме апсолутна контрола на играта, многу подобро се снајдовме и победивме за прв пат на еден турнир во наша организација.

-Се на се задоволен сум од прикажаната игра на нашите одбојкарки, во оваа фаза тоа е задоволително, но ние сеуште сме далеку од својот максимум. Можам да ветам дека оваа екипа допрва ќе се учи меѓусебно и ќе се надоградува, а тоа значи дека има огромен потенцијал и можност за издигнување на едно уште повисоко ниво. Сите ние едноставно уживаме во ова, има неверојатна хемија меѓу девојките, одличен спој и соработка на сите нивоа во екипата, и ова е само еден почеток во кој цврсто веруваме и убедени сме дека ќе потрае. Следува завршната фаза на контролни подготовки, а потоа го чекаме распоредот од ждрепката и нашите ривали во есенскиот дел од првенството, вели Митковски.Во полуфиналето со 2:0 Пелистер волеј ја совлада екипата на СД Врање 1093, а со идентичен резултат заврши УГД Младост и Струмица Жени. Во малото финале Струмица жени ја совлада екипата на СД Врање 1093.

Фото: Дамијана Ристевска