Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен 61 годишник ги омаловажувал полицајците, повреден возач на моторцикл и неговата совозачка, оддалечување од дом, пожар на куча на ул. “Епинал“

На 21.09.2025 во 17:10 часот во комплексот „Нов пазар“ лоциран на ул. „Г. В. Карангелевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле слобода 61 годишник од Битола, бидејќи го нарушувал јавниот ред и мир и ги омаловажувал полициските службеници. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. 

На 21.09.2025 во 14:58 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул. „Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44 годишник од Битола и мотоцикл управуван од 22 годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 50-годишна жена Битола, која се превезувала на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката  болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 22.09.2025 во 00:39 часот во СВР Битола, Б.П. од Битола пријавил дека неговата ќерка Ф.П. (25) од Битола се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 21.09.2025 во 16:40 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул „Епинал”  во Битола, сопственост на С.Д. од Битола. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Битола. Повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »