Луѓето кои претерано размислуваат (Overthinkers) често се обземени од нивните мисли, тие можат да заглават во нив, а тоа може да им одземе часови од денот. Ова не само што остава помалку време за други активности, туку и ги прави да се чувствуваат исцрпени и емоционално истоштени, што може да има значително влијание врз нивната работа и личен живот. Го зафаќа секој сегмент од животот.
ДАЛИ СТЕ OVERTHINKER?
Треба секој да знае ако :
-Константно se сомневате во себе, пропуштаte шанси и често ги расипувате односите со другите.
-Ако се врзувате многу брзо…
-Ако вашето расположение зависи од тоа како другите се однесуваат кон вас…
-Ако ги забележувате и најмалите промени во однесувањето на другите…
-Ако помно го анализирате секој текст што го добивате…
Не е ваша вина. Тоа е начинот на кој вашиот ум научил да ве заштити низ одрастувањето.
Еве зошто истражувањето, медитацијата и моќта на волјата не работат повеќе. Кога претераното размислување ве обземе Еве што се случува:
-Ти ја анализираш секоја одлука која треба да ја донесеш, а која те води до парализа на одлучување.
-Ги повторуваш разговорите во твојата глава, загрижуваќи се дека си кажал нешто погрешно.
-Се грижиш постојано за тоа што другите мислат за тебе, кое те прави анксиозeн цело време.
-Се сомневаш толку многу во себе што пропушташ можности.
-Се обидуваш да се релаксираш, но твојот ум се уште работи.
Но тоа не е се.
-П.Р влијае на целиот мозок, правејќи тешкотија да се фокусирате на она штон е навистина важно,
-За да се избори со негативите мисли, твојот мозок почнува да ствара брзи дистракции или брзи одвлекувања од вниманието.наиманието
-Но овие дистракции даваат само привремено ослободување, и повторно си заглавен во истиот круг на П.Р.
Наместо да ги истражувате причините, престанете да се грижите толку многу. Направете одлука да престанете да преанализирате се.
Но еве што се случува:
-Следењето на овој совет никогаш не функционира.
-Всушност, може да те направи уште позаглавен и обесхрабрен.
-Може да ти додаде повеќе фрустрации и сомнеж во себе.
Покрај овој совет луѓето буквално се обидуваат на се:
-Истражување, со надеж за јасност, но на крај завршува со анализирање на секој детал уште повеќе.
-Медитација, но наместо релаксирање се поминува цела сесија на преанализирање дали правиш како што треба.
Гледајќи видеа за самопомош, чекајќи да се случи чудо, кое никогаш не доаѓа. Како ништо да не помага.
Поврзаност помеѓу претераното размислување и допаминот
ПР не е само да се биде анксиозен. Длабоко е поврзан со тоа како допаминот функционира во нашиот мозок. Ако допаминот е неуроумнотежен вашиот мозок постојано копнее по олеснување, влечејќи ве кон одвлекување на внимението како што се скролање по социјални медуими, грицкање,гледање видеа… Оваа постојана потрага по брзи допамински дози го нарушува природниот систем на наградување на вашиот мозок.
Низ последните декади истражувањата покажале дека ПР ги активира мозочните невронски патишта афектирајќи ги способностите за донесување на одлуки и решавањето на проблеми со што се зголемува стресот и сомнежот во себе, а се намалава самодовербата. Како резултат на тоа се создава бесконечност од :
-Кога и да се чувствуваш под стрес или во замка на ПР твојот мозок станува подготвен на фокус за одвлекување на вниманието наместо решавање на реалниот проблем.
-Се задржува во круг на мисли, грижи без адресирање на главниот проблем.
-Ако го знаете ова еве некои начини како да си помогнете
Препораки:
Живејте во сегашноста
Кога претерано размислуваме, обично сме заглавени во минатото со жалење за она што веќе се случило или вознемиреност за тоа што “може“ да се случи. Но сегашниот момент – овде и сега, е најзначаен. Едноставен начин да се практикува ова е преку внимателност. Обрнете внимание на дишењето, сензациите во вашето тело или глетките и звуците околу вас. Колку повеќе го тренирате вашиот ум да остане во сегашноста, толку помалку моќ ќе има над вас претерано размислување.
Прифати дека не можеш да контролираш се Една од најголемите причини поради кои претерано размислуваме е потребата за контрола. Сакаме да го предвидиме секој исход, да се подготвиме за секоја можност и да ја избегнеме секоја грешка. Но, вистината е, колку и да анализираме, некои работи едноставно ни се надвор од рака.
Животот е непредвидлив
Луѓето ќе дејствуваат на начини на кои не очекувате. Ситуациите ќе се променат. А грижата за работите што не можете да ги контролирате само ја троши вашата енергија. Затоа наместо да се фокусирате на секој детал, фокусирајте се на она што “можете“ да го контролирате – вашите постапки, вашиот начин на размислување и како реагирате на предизвиците. Откако ќе прифатите дека не е сè ваше да контролирате, полесно ќе биде да се ослободите од се и уживате во животот
Најдете хоби, вежбање, волонтирање или работа на страстен проект…
Исполнувањето на вашето време со значајни активности му дава на вашиот мозок нешто позитивно на кое треба да се фокусира. Кога сте ангажирани во нешто што го сакате, има помалку простор за претерано размислување.
„Закажете си“ време за претерано размислување
Обидувањето целосно да престанете со претерано размислување, всушност може да го влоши. Колку повеќе си велите НЕ да се задржувате на нешто, толку повеќе вашиот ум се фиксира на тоа. Контраинтуитивно, но ефективно решение е „да закажете“ време за претерано размислување. Одвојте 10-15 минути дневно каде што ќе си дозволите да се грижите, анализирате и размислувате колку што сакате. Но, штом ќе истече тоа време, продолжувате понатаму. Не е едноставно, но обидете се.
Запрашајте се „Дали ова ќе биде важно за една година?
Прекумерното размислување прави малите проблеми да се чувствуваат огромни. Мала грешка на работа, непријатен разговор или неодговорен текст може да прераснат во часови на непотребен стрес. Едноставен начин да се ослободите од овој циклус е да се запрашате: “Дали ова ќе биде важно за една година?“ Ако одговорот е не, веројатно не вреди да се преанализира сега.
Верувајте во СЕБЕ
Прекумерното размислување често е знак дека не верувате во сопственото проценување. Ги погодувате одлуките, ги повторувате разговорите и барате уверување затоа што се плашите да не згрешите. Но, вистината е дека досега сте се справиле со секој предизвик во вашиот живот. Направивте грешки,научивте од нив и продолживте да одите.