Битола за првпат ќе гледа европска кошарка во спорската сала “Боро Чурлевски“, а Пелистер ќе настапува за прв пат во Европа Купот, но за прв домашен натпревар битолчани ќе мора да го чекаа второто коло.
Пелистер по поразот од Реџо Емилија во квалификациите за Лигата на шампионите кои се играат во Самоков, Бугарија, се пресели во Европа Купот на ФИБА, каде што игра во групната фаза.
Противници на „зелено-белите“ ќе бидат екипите на Керавнос од Кипар, Цедевита Јуниор од Хрватска и поразениот тим од дуелот во ЛШ меѓу Патриоти Левице од Словачка и Калев од Естонија.
ФИБА веќе го објави распоредот за натпреварите од групната фаза.
Пелистерци во првото коло ќе се судрат со Цедевита во Загреб, натпреаварот ќе се одигра на 15 октомври. Во второто коло во Битола ќе гостува екипата на Патриоти Левице од Словачка или Калев од Естонија на 22 октомври. Во третото коло Пелистер ќе гостува во Кипар, а ќе игра против екипата на Керавнос.
Реванш натпреварите ќе се играат во ноември, Пелистер дома ги пречекува екипите на Цедевита и Керавнос на 5 и 19 ноември, а ќе гостува во Словачка или Естонија на 12 ноември.