Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола оваа сезона започнува со продажба на сезонски влезници, кои се со симболична цена од 1.000 денари за целата сезона.
Пелистер Волеј за секој натпревар ќе пушти во продажба и дневни карти по цена од 100 денари.
Капацитетот на салата во медицинското училиште е лимитиран на 400 седишта и очекуваме истиот да биди исполнет во целост, затоа што овие девојки заслужуваат огромна почит и заслужуваат да играат пред полна сала.
Направете резервација преку порака во месинџер на нашата “фејс бук“ страна или на телефоните 071235720 и 070207870.