Press "Enter" to skip to content

Прва самостојна изложба на Лара Ташковска во Битола (фото)

Академската сликарка Лара Ташковска од Скопје приреди извонредна ликовна изложба во Галеријата “Ранко Струмениковски“, во Битола што претставува прво нејзино презентирање пред битолската публика.Во присуство на голем број поклоници на ликовната уметност на свечен начин беше отворена нејзината прва самостојна изложба во Битола како член на ДЛУБ, а за нејзинпто творештво говореа д-р Драган Ристевски, галерист и кустосот Владо Ѓорески, историчар на уметноста.-Надреалниот пејзаж илустриран со пасторални мотиви се само , стедства за изразување на својот немир и творечки стремеж , а пределите со вулкански ерупции навестуваат посакуван нов свет со похумани релации и односи рече д-р Ристевски на отворањето на изложбата. За специфичниот ликовен израз на уметницата Лара Ташковска кој е основа за нејзиното постојано трагање и истражување на вонвременото.На свеченото отворање се осврна и кустосот Владо Ѓорески кој истакна:-Поврзувајќи ја спиритуалноста, интуитивното чувство на бројните светови, невидливи за нашата рационална заробеност, Лара Ташковска во речиси секое дело открива, отвора сегменти, невидливи за нашиот се посиромашен линеарен егзистенцијализам.Инаку, ова ликовно претставување на Лара Ташковска во Галеријата “Ранко Струмениковски“ претставува своевидна изложбена семејна сликарска трилогија.Претходно, пред битолската публика покрај Лара Ташковска, со свои изложби се претставија сликарот Ристо Ристовски (1912 -1987), дедо по татко, како и нејзиниот татко, познатиот сликар, академик Васко Ташковски, кој беше присутен на овој исклучителен уметнички настан.

Фото: С.Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »