На 25.09.2025 во 07:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од бул.„1 Мај“, ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Јане Сандански“ во Битола, патничко возило „форд фокус“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 31 годошник од Битола, удрило во пешакот 85 годишна жена од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 24.09.2025 на патот Охрид-Ресен, кај место викано „Рибник”, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода 20 годишникод Битола. При контрола со радар во сообраќајот, полициските службеници констатирале дека тој управувал возило „фолксваген“со битолски регистарски ознаки со брзина од 148 километри на час на место што брзината со сообраќаен знак е ограничена на 70 километри на час. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 297-а од Кривичниот законик – ,,безобѕирно управување со моторно возило“.