“Голден бифтек“, “Зорба оризато“, “Кралот на реката“ „Козјо писмо“, “Благ облкак“ вкусни предјадења и јадења, десерт со вино и гастрономско уживање во живо со шеф Марк де Јонг во Битола ресторанот на “Gold Felicia“.
Неделно попладне за уживање во Голд Фелиција. Гостите кои дојдоа присуствуваа на едно несекојдневно кулинарско доживување со мени приготвено од еден од најпознатите шефови Марк де Јонг кој им приреди вистинско шоу.Еден од најпознатите шефови Марк де Јонг заедно со тимот од ресторанот на Голд Фелиција на гостите им приредија кулинарско шоу со вкусна храна за сите сетила. Големиот шеф ја подготвуваше храната за менито неколку денови за да гостите во неделното шоладне уживаат во истото.
-Најважно е храната да се подготвува со љубов, истакна на почетокот на шоуто шеф Марк кој извади од една тегла испечатено црвено срце и го нарече зачин љубов. Тоја така и ја подготвуваше храната и им посвети големо внимание на гостите прашувајќи дали се задоволни и фотографирајќи се со нив.
Така и започна разговорот со харизматичниот шеф кој продолжи:
-Готвењето треба да биде со љубов инаку нема да е вкусна храната. Денес ние со љубов подготвуваме неколку вида односно две предјадења и три3 јадења, десерт со тимот од ресторанот на “Gold Felicia“. Се разбира сакавме да напрвиме едно гастрономско шоу со многу вкусови, бои исто како што и во ова кабаре се случуваат шоуа во разни бои. Но со нашето шоу сакаме “Gold Felicia“ да се препознава и по вкусна храна и интересно мени.Денес мениот беше изненадување за сите, односно никој не знаеше што ќе се готви. Тоа беше составено од намирници, зачини кои ги има кај нас во ова поднебје на македонски начин но мешање на различни вкусови да воведем еден модерен современ начин на готвење врз традициналните рецепти. Тој нов тренди начин на готвење денес веќе наголемо прифатен и мислам дека попладнево сите гости уживаа во храната која ја зготвивме со зачин љубов.
-Три дена сме тука со тимот кои го сочинуваат жени и ми беше специфично да бидам единствен во кујната. Вакво мени мора да се прави со подготовка бидејќи не може да се послужат околу 150 гости кои беа денес тука без претходна подготовка. Се беше на ниво. Многу ми е мило што на крај со цел тим кој дојде тука да го направивме десертот заедно, рече Марк и продолжи:
-Денешното мени се состоеше од јадења со многу интересни имиња. Започнавме со послужување на првото предјадење кое го нареков “Козјо писмо“ тоа беше козјо сирење завиткано во ролнничка кори, во интересен дресинг со специфичен благо солен вкус. Ролната сирење беше врз црвена зелка и зрна бело грозје… Второто предјадење го нарековме “Кралот на реката“ тоа беше риба лосос маринирана во сос од цитрон, лимон, портокал врз пире со млад кромид и разни зачини.
За главните јадења Марк рече.
-Едното главно јадење со име “Зорба оризато“ грчки тестенини со морски плодови во сос од павлака, путер, праз, домати млад кромид… Другото главно јадење „Голден бифтек“ сочен бифтек со различни вкусови на пире во разни бои со различни зачини. Десертот “Благ облак“ со сорбе од јагоди, сок од малини, жолчки матени со шеќер, малку в ино и мелени бисквити. Мислам дека гостите уживаа, во јадењата и виното кое беше послужено да одговара со вкусот на храната. Единесет години сум во Македонија, а десет на телевизија, со шоу каде споделувам рецепти.Овие јадење веќе од утре ќесе најдат на мениот на ресторан Голд Фелиција. Катерина Божиновска маркетинг координатор истакна:
“Gold Felicia“ најповеќе ја препознаваат по кабаретско шоу и место каде се случуваат концерти во живо. Денес заедно со шеф Марк де Јонг и неговото кулинарско шоу сакаме да дедем едно друго светло на “Gold Felicia“. Со промоција на вкусни јадења кој уште од утре ќе се најдат на нашето мени всушност сакаме да го промовираме и ресторанот на “Gold Felicia“ каде гостите ќе имаат можност да уживаат во добра храна и музика.
Ова неделно попладне пријатната атмосфера ја надополни музиката се на групата “The Groove“, со звучен микс кој совршено го надополни гастрономското искуство.
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска