Press "Enter" to skip to content

Трибина на ПОДЕМ во Битола: „Со јавен и отчетен буџет до економски силни општини“ (фото)

Денес, во големата сала на хотел „Епинал“ во Битола се одржа јавна трибина на тема: “Со јавен и отчетен буџет до економски силни општини“, во организација на Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ Општинска организација Битола.Панелисти на трибината беа заменик-министерот за финансии – проф. д-р Николче Јанкуловски, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, претседателот на ОО ПОДЕМ Битола – Александар Цветкоски, советникот Златко Лозановски.Заменик-министерот за финансии, проф. д-р Николче Јанкуловски, ја нагласи континуираната поддршка што Владата ја обезбедува за општините, истакнувајќи ја посветеноста на премиерот Христијан Мицкоски за нивна финансиска стабилност и развој.Тој потсети дека преку двата јавни повици, кои беа спроведени минатата и оваа година, значителен број општини добија финансиска поддршка за капитални проекти што директно го подобруваат животот на граѓаните.Јанкуловски подвлече дека Програмата 2024–2028 дополнително гарантира стабилни дотации и поддршка за општините, со што се обезбедува еднаква можност за развој и подобри услуги на локално ниво.Градоначалник на Битола, д-р Тони Коњановски, говореше за потребата од јасна стратегија која ќе обезбеди економски раст и локален развој. Тој потенцираше дека отчетноста на локалната власт не е само законска обврска, туку мора да стане начин на работа кој секојдневно ќе ја гради довербата на граѓаните. Коњановски подвлече дека Битола има потенцијал да биде пример за модерна и развиена општина, но за тоа е потребна одговорна власт која знае да ги слушне потребите на граѓаните.Во своето обраќање, кандидатот за советник Златко Лозановски посочи дека јавните дејности и транспарентноста се неопходни за ефикасно управување со општината. Тој истакна дека општината мора да биде отворена за граѓаните, со јавни расправи, достапни информации и отчетност за секоја донесена одлука.-Само така ќе се изгради доверба и ќе се обезбеди вистински развој, нагласи Лозановски.

Кандидатот за советник Александар Цветаноски стави акцент на младите и спортот, нагласувајќи дека тие се иднината на Битола. Тој подвлече дека потребни се нови вложувања во спортската инфраструктура и програми за младите, кои ќе им овозможат квалитетен живот, здраво општество и еднакви можности за развој. Цветаноски додаде дека преку поддршка на младите таленти, Битола може да изгради нови генерации кои ќе ја носат општината напред.Гостите и говорниците ги поздрави и кратко се обрати и претседателот на ПОДЕМ – проф. д-р Живко Јанкуловски.Трибината претставува дел од серијата јавни дебати на ПОДЕМ посветени на отчетноста, транспарентноста и градењето економски стабилни и просперитетни општини, со цел поголема вклученост на граѓаните и јакнење на локалната самоуправа.