На 28.09.2025 во 13:56 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Филип Втори Македонски“ и ул. „Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 30-годишна жена и патничко возило „фолксваген туран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 47 годишник, двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 42 годишник од Битола, сопатник во возилото „форд“, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 28.09.2025 во 21:05 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола, патничко возило „бмв 320“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 26 годишник од Битола, удрило во 21-годишна девојка од Гевгелија, со престој во Битола, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.