Press "Enter" to skip to content

Двајца ловџии од Битола уловиле две срни, полицијата ги приведе

Во неделата околу 10:30 часот на крстосница за село Брод, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија лишила од слобода две лица на возраст од 51 и 26 години (26), двајцата од Битола, информираше МВР.

При преглед во возилото ‘форд’ со битолски регистарски ознаки, пронајдени се еден карабин и две ловечки пушки со дозволи, неколку уловени пајки, за кои, исто така, поседувале дозвола за лов, како и две уловени срни за кои не поседувале дозвола за лов, објавија од МВР.

Оттаму велат дека тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »