Press "Enter" to skip to content

ЛДП го претстави носителот на листата за советници Димитар Кузмановски и останатите советници (фото)

Коалицијата “Искуство за Успех“, предводена од Либерално-Демократската партија, вчеравечер во киното “Манаки“ во Битола ги премовираше кандидатите за советници од коалицијата.Претседателката на ЛДП, која стана препознатлива по негласањето на Кривичниот законик, Бехтел и Енка, и законот за игри на среќа, и за која беше предлагач на законот за Студентски оброк, во обраќањето пред присутните подвлече неколку работи:-Вечерва од овде, од градот на конзулите ја започнуваме нашата кампања за едно поправично, поправедно и пофер општество. Општество на успешни, на способни луѓе, водени од либерални и демократски вредности. Денес сум тука да ја побарам довербата за листа предводена од Димитар Кузмановски, листа составена од чесни и одговорни луѓе, кои ќе понудат радикални промени во Советот. Битола мора да биди препознаена по спортските успеси, по Пелистер, по Широк Сокак, покултурни достигнувања а не по загадувањето на воздухот и по бројните смртни случаи од рак. По 19 Октомври, нашиот глас во Советот ќе биде глас на промени, глас на оштетени, обесправени и глас на маргинализираните. Патот од илјадници чекори, започнува со првиот чекор, а заедно со Вас треба да го изодиме патот по кој ќе изградиме подобра и поубава Битола.Димитар Кузмановски претстави дел од програмата на партијата за овие избори:-Уште од првиот ден ќе се залагаме за нашиот проект наречен “Битола Зелен град“ во кој ќе започнеме со купување на 200 велосипеди и 60 електрични тротинети кои ќе бидат распоредени на 20 локации, 20.000 дрвја, за секое семејство по едно, проширување на велосипедските патеки и проширување на зелените зони, санацијата на јавните претпријатија, јавен превоз, изградба на модерен стационар, продолжување на ракометната и кошаркарската платформа и нова фудбалска, “Стоп за Депонија“ од вакви размери како што е планирана, тартан патека.На промоцијата зборуваа уште тројца кандидати од листата, Љубица Стерјева, Александар Цветкоски и Ана Талевска Јолевска.

More from ВестиMore posts in Вести »