Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдена марихуана кај затвореник, приведено лице барано со потерница

На 30.09.2025 во 15:30 часот во СВР Битола е пријавено дека при претрес во просторија во Казнено – поправната установа Затвор Битола, во која казна затвор издржува 44 годишник од Прилеп, пронајдена е марихуана. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок

На 30.09.2025 во 19:00 чaсот  на ул. „Козјак” во Битола, полициски службеници од СВР Битола, со наредба од Основен суд Битола,  лишија од слобода 30 годишник, кој бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

More from ВестиMore posts in Вести »