Ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ Битола, проф. д-р Игор Неделковски беше на првиот академски час на Економски факултет во Прилеп кој слави 65 години постоење, претседателот на Сенат на УКЛО – проф. д-р Филип Поповски и градоначалникот на Битола – Тони Коњановски им посакаа успешно школување на бруцошите на Технички факултет Битола. Централната свеченост по повод Првиот академски час на УКЛО се одржа на Економскиот факултет во Прилеп, кој одбележува 65 години постоење. Со овој настан започна мандатот на новата деканка, проф. д-р Татјана Спасеска, која во своето прво обраќање упати срдечно добредојде до студентите.
Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, во своето обраќање истакна дека – младите луѓе не може да се излажат.
-Фактот што годинава има 20 проценти повеќе запишани студенти на Економскиот факултет е најсилен доказ за довербата во неговиот квалитет. Дополнително, доделените стипендии од приватниот сектор и стипендии со поддршка на Општината ја потврдуваат тесната соработка со реалниот сектор и локалната заедница. Компаниите препознаваат дека токму овде се создаваат квалитетни кадри кои за неколку години ќе придонесуваат за нивниот развој. Тоа е најдобриот показател за угледот на Факултетот и за Универзитетот во целина. Во пораката до академскиот подмладок тој ги поттикна студентите да бидат здрави и среќни за да може со активност и мотивираност да ги искористат сите академски ресурси на УКЛО.
Претседателот на Сенатот на УКЛО, проф. д-р Филип Поповски пред студентите рече:
-Пред точно 24 и јас, како и вие седнав на овие клупи, се запишав на Техничкиот факултет во Битола и не погрешив, го направив вистинскиот избор. Никогаш не се посомневав во мојата одлука, бидејќи нашата единица е една од најстарите на Универзитетот со 64 години постоење. Ќе ве школуваат еминентни професори секој во својата област и ќе имате најдобро образование, со обезбедена пракса во голем број компании, трајни вработувања, голем број на стипендии од Република Кина и големи компании, одлични услови за спорт во нашата спортска сала “Павел Шатев“ која се реконтруира и ќе биде затоплена… Сакак да ја потенцирам соработката со “Колорс Алијансата“. Во девет земји да патувате, да полагате испити, да дипломирате и да се вратите со диплома во Битола, која е призната во целиот свет. Сето ова придонесува да имаме и оваа година поголем број запишани студенти, што кажува за нашиот квалитет на Технички факултет и Битола.
Градоначалник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски, денес им се обрати на бруцошите на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
-Високото образование не е само фаза од животниот пат – тоа е највредниот влог што можеме да го направиме во нашите деца, во нашата заедница и во нашата држава. Универзитетите создаваат критички мислители, иноватори и лидери кои ќе го водат општеството напред. Техничкиот факултет, како најстара образовна единица на битолскиот универзитет, е темел на техничкиот развој и мотор на иновативните процеси во земјата. Во време кога дигитализацијата, автоматизацијата и технолошките иновации го обликуваат секој аспект од нашето живеење, потребата од инженери, технолози и истражувачи е поголема од било кога. Токму тука се создаваат професионалци кои ќе ја движат економијата и ќе ја градат енергетската иднина, истакна Коњановски во своето обраќање.
Деканот на Техничкиот факултет од Битола Митко Костов им посака успешно школување на новите бруцоши, убави денови поминати во Битола, а им вети и настава преку која која ќе стекнат нови знаење, а на најдобрите стиденти им ги додели индексите.
Новата академска година започна свечено во сите единици на УКЛО, со доделување на индексите, запознавање со наставниот кадар и јасна порака: универзитетскиот живот е многу повеќе од учење – тоа е животна школа, патека кон иднината и простор за професионален и личен развој.

Започна новата академска 2025/2026 година на УКЛО Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Започнува кошаркарската сезона, Пелистер со големи амбиции ја отвора на гостување со Работнички
- Концерт со наслов “Бајка“, ќе настапи Анна Конратенко, концерт-мајстор на Македонската филхармонија
- СВР Битола: две апсења за дрога
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекин во водоснабдувањето на дел од “Партизанска“ од “Веро“ до “Бадо Маркет“
- До 8 октомври можност за упис на УКЛО Битола – студии со европска димензија