Press "Enter" to skip to content

Повторно приведен пијан возач, возел “пежо“ со 1,58 промили алкохол во крвта

На 01.10.2025 во 00:16 часот на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 40годишник од Битола.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „пежо”со битолски регистарски ознаки, и по преземени мерки констатирано е дека возачот е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

More from ВестиMore posts in Вести »