Press "Enter" to skip to content

До 8 октомври можност за упис на УКЛО Битола – студии со европска димензија 

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола  ја започна новата академска 2025/2026 година со над 1000 нови студенти. За сите матуранти кои сè уште ја носат одлуката каде да го продолжат своето образование, останува уште една можност – четвртиот уписен рок, отворен до 8 октомври 2025 година https://uklo.edu.mk/blog/upisi-cetvrt-upisen-rok-2025/.

Овој рок е особено важен за оние кои подоцна се одлучуваат, но сепак бараат квалитетни студиски програми, европски ориентирано образование и пристап до современи академски ресурси. Како дел од Алијансата КОЛОРС  https://uklo.edu.mk/colours/ –  мрежа од девет партнерски универзитети со над 128.000 студенти, УКЛО нуди: студентска мобилност, можност за избор на предмети од партнерски универзитети во Европа, вклучување во заеднички наставни и истражувачки проекти.

Дополнително, новата академска година носи и технолошки новитети: надградена платформа за е-учење (Moodle УКЛО),виртуелни 360° тури низ кампусите, пристап до престижни научни бази како Web of Science, а наскоро и Scopus, овозможен од Министерството за образование и наука.

Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, истакна дека годината започнува со значаен напредок и на полето на научно-истражувачката работа, што дополнително го зајакнува позиционирањето на УКЛО како модерен и европски ориентиран универзитет.

More from ВестиMore posts in Вести »