Press "Enter" to skip to content

Концерт со наслов “Бајка“, ќе настапи Анна Конратенко, концерт-мајстор на Македонската филхармонија

Ве информираме дека во вторник, 7 октомври 2025 година, во Центарот за култура Битола ќе се одржи концерт со наслов „Бајка“, на кој ќе настапи врвната виолинистка и диригентка Анна Конратенко, концерт-мајстор на Македонската филхармонија.

Во овој концерт, Кондратенко ќе се претстави во двојна улога – како солистка на виолина и како диригентка на Камерниот оркестар составен од членови на Македонската филхармонија.

Концертот ќе биде збогатен со видео изведба на Летиција Кондратенко.

На програмата ќе бидат дела од В. Мартинов: Come in! („Чукни и влези“) – за виолина и оркестар во 6 става (28–30 мин.) и Г. Канчели: Letters to friend’s („Писма до пријателите“) (35 мин.)

Анна Кондратенко е една од најпознатите виолинистки и концерт-мајстори на Македонската филхармонија, со богата кариера и настапи во Русија, Украина, Германија, Франција, Америка, Бразил, Малезија, Кина и Јапонија. Родена е во Новосибирск, Русија, каде што започнува да свири виолина на само четири години. Образованието го продолжува во Келн, Германија, во класата на проф. В. Третјаков, а денес живее и работи во Скопје како концерт-мајстор и солист во оркестарот на Македонската филхармонија и како концерт-мајстор на „F.A.M.E.S Project“.

Концертот „Бајка“ ветува извонредно музичко доживување исполнето со емоција, виртуозност и визуелна уметност.

7 октомври 2025 (вторник), центар за култура Битола, почеток: 20:00 часот