-Вечерашниот митинг се одржа во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“
Вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола се одржа предизборен митинг на која пред членовите на партијата и симпатизерите беше претставен кандидатот за градоначалник на Битола – Тони Коњановски, носителот на советничката листа – проф. д-р Филип Поповски и советничката листа.
На митингот во Битола присутвуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицковски, пратениците Олга Лозановска – член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска и Пеце Мицевски, министри и заменици министри во Владата на Македонија, претседателите на коалици0ните партнери на ПОДЕМ – проф. д-р Живко Јанкуловски, на СПМ – Љупчо Димовски и други…
Митинтот започна со интонирање на македонска химна која ја испеа Љамбе Алабаковски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача од митингот во Битола:
-Промените во Битола се случуваат веќе четири години и во едни тешки услови за локалната власт поради блокадите од минатата влас, но работите се движе затоа што Тони Коњановски е човек со енергија и човек со нескршлива волја за работа кон својата родна Битола, и додаде:
-Овие избори се влог за твојата улица, за твојата градинка, твоето училиште, твојот парк… тоа е избор дали ќе останеме исправени и ќе одиме напред или ќе дозволиме да не вратат назад, таму каде што надежта се губеше, а довербата се рушеше. Одлуката е да имате ваш, твој човек во општината. Тоа е оној што нема да те остави сам, овој пат тоа е твојот градоначалник, човек кој се докажа со работа, посветеност и со резултати. Човек на кој можеш да се потпреш затоа што знае дека да бидеш човек значи да бидеш од корист за сите други, истакна Мицкоски.
-Сакам да му порачам дека уште во октомври, по изборот Коњановски прва мерка да му биде продажба на градежно земјиште за млади брачни парови, по цена од едно евро за квадрат и без комуналии со цел да им понудиме на младите нови услови за изградба на семеен дом, каде ќе се раѓаат многу деца, рече Мицковски.
Мицкоски рече дека од другата страна има прочитана книга, мислејќи на како што тој ја нарече коалицијата помеѓу СДСМ, ДУИ и Левица.
Тони Коњановски, кандидат за градоначалник за општина Битола обраќајќи се кон битолчани истакна дека последните четири години општината Битола живееше во еден поинаков ритам проследен со градење како во централното градско подрачје така и во најоддалечените рурални места.
Коњановски потенцираше дека во општина Битола се поставија цврсти темели врз кои општината во иднина ќе може да се надоградува во една урбана, модерна, чиста и динамична општина. Притоа Коњановски ги посочи ветените и реализирани капирални проекти односно оние во крајна фаза на реализација, а во продолжението од своето обраќање, Коњановски ги најави новите проекти кои ќе ги реализира во наредните четири години.
-Ќе продолжиме да работиме на создавање на нови работни места, да привлекуваме инвестиции и да ги задржиме младите, нудејќи им квалитетен живот, да ја јакнеме локалната економија со социјален напредок, заклучи Коњановски.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг во Битола рече:
-Сите имаме иста цел, да продолжи заедничката работа и во иднина со актуелниот, но и иден градоначалник на Битола, Тони Коњановски. Кога зборуваме за континуитет зборуваме за континуитет на проекти, работи. Затоа можеме да веруваме дека Коњановски ќе испорача дупло повеќе проекти од претходниот мандат, а воо иднина дополнително во развојот на Битола ќе придонесе и Владата.
Според Сајкоски треба да се стави крај на оние кои се независни, а се зависни од мал број на луѓе.
Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска






