Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките со најново шесто по ред засилување, Ела Медвед репрезентативка од Словенија во Битола

Екипата на Пелистер Волеј од Битола на една седмица до стартот на новата прволигашка сезона го соопшти и името на последното, шесто по ред засилување, а тоа е Ела Медвед од Словенија.

Ела Медвед е девојка на ракометарот на Еурофарм Пелистер, Домен Тајник и веќе неколку седмици е дел од тимот на Пелистер Волеј, а со девојките вопсоставила одличен однос. Денес ја фотографиравме на натпреварот на “двојката“ каде го гледаше со Тајник натреварот против Тиквеш.Ела Медвед доаѓа од редовите на женскиот обојкарскиот клуб Брасловче од Брасловче од Словенија и има блескава клупска и репрезентативна кариера.

-Ела игра на позицијата примач и со своето големо искуство таа сигурно ќе биди од големо значење за тимот на Пелистер Волеј.

Се истакнува уште во млади категории кога освојува неколку медали од најмали категории, преку кадети, а во сезоната 2017/18 е репрезентативка во квалификации за Европско првенство на Словенија како и учесник со репрезентацијата во MEVZA регионалната лига лига.

Да потсетиме претходно битолски Пелистер се засили со Shynique Nicole McGee, Симона Стојановска, Ева Трпеновска, Alina Zhevlakova и Мартина Николова.

Фото: Дамијана Ристевска