Денес, недела, 5 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 18 степени.
Утре, понеделник, 6 октомври, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 18 степени.