Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите тргнаа со “плус 40“, победа над Работнички во Скопје

Работнички – Пелистер 75:115

Кошаркарите на Пелистер од Битола триумфално ја отворија новата сезона откако победија на гостувањето против Работнички со убедливи 75:115. Домашниот тим настапи значително подмладен, без ниту едно странско засилување во тимот, а “пелистерци“ го искористија тоа за без многу мака да стигнат до посакуваниот резултат.

Дуелот беше израмнет до 6:6, по што Пелистер презеде контрола над резултатот, битолчани пред крајот на првата четвртина стигнаа до првото двоцифрено водство со поените на Дејвис (13:24), по што тројка погоди и Крстевски за овој дел од мечот да заврши со убедливи 13:27 за „зелено-белите“.

Работнички за момент влезе во ритам и ја спушти разликата под десет поени, но Пелистер се врати во ритам и со поените на Малешевиќ и на Митревски на одмор се замина со предност на битолчанни од 40:52.
Третиот период мина во извонредно офанзивно издание на „зелено-белите“. Пелистер погоди дури осум тројки во овој дел од мечот, добивајќи ја четвртината со 16:37 и влегувајќи во последните десет минути со убедливи . Преостанатиот период беше рутина за „пелистерци“ кои ја одржаа убедливата предност, на крајот славејќи со конечни 75.115.

Седум кошаркари на Пелистер имаа двоцифрен ефект, најефикасни беа Малешевиќ со 22 поени, центарот Ленгстон Вилсон со 18 поени, Митревски и Си-Џеј Вилсон со по 15 поени…