Press "Enter" to skip to content

На “Интерфест“ во Битола изложба на дела од Ранко Струмениковски

Во рамките на Интерфест синоќа во Офицерски Дом во Битола беше отворена самостојна изложба на цртежи, графики и слики на битолскиот академсми сликар Ранко Струмениковски (1936 – 2000).За животот и богатиот опус на нашиот познат уметник говореше галеристот д-р Драган Ристевски кој истакна дека Ранко Струмениковски ја задолжи Битола на начин што негови логоа и заштитни знаци се уште ги презентираат бројните фирми, установи и производи и после половина век, а неговото сликарско творештво ја афирмира Битола како графички центар на Македонима и на меѓународен план.За оригиналноста и посебеноста на творештвото на Ранко Струмениковски, галеристот Ристевски, цитираше дел од освртот на кустосот Владо Ѓорески поместен во каталогот за оваа извонредна изложба.

More from КултураMore posts in Култура »