Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен тинејџер, со “БМВ“ возел 101 км/ч во град каде е дозволено 50

Вчера на ул. „8 Септември” во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола го лишија од слобода 18 годишник од Битола.

При радарска контрола констатирано е дека управувал патничко моторно возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, со брзина од 101 километри на час, на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.