Press "Enter" to skip to content

Хотел-Ресторан „Премиер“ – 20 години успех, развој и препознатлив бренд

Деновиве ресторан “Премиер“ одбележа значаен јубилеј – 20 години постоење и континуирана успешна работа. Прославата се одржа во кругот на најблиските соработници и семејството, во атмосфера на благодарност, пријателство и достоинствено славење.Посебен акцент на настанот беше ставен на вработените, кои се срцето и двигателот на „Премиер“. Со својата професионалност, несебична посветеност и долгогодишна лојалност, тие го овозможија развојот и позиционирањето на „Премиер“ како едно од најпрепознатливите угостителски имиња во регионот.Токму нивниот труд беше истакнат како клучен фактор за успехот и стабилноста на компанијата.Во изминатите две децении, „Премиер“ не остана само хотел и ресторан, туку се прошири во целосен бренд кој нуди разновидни услуги и искуства.Денес, под името „Премиер“ успешно функционираат:  Хотел „Премиер Центар“, кој им овозможува на гостите врвен комфор и современи услови за престој,  салите за свадби „Гранд Премиер“, препознатливо место за свечености и прослави на најважните животни моменти, игротеките „Премиер Family Fun“, кои нудат простор за забава и дружење на најмладите.Со ова проширување, „Премиер“ се етаблира како бренд кој обединува угостителство, забава и традиција, градејќи доверба и квалитет кои се препознаваат и ценат. Јубилејот од 20 години е повеќе од прослава на минатото – тоа е и потврда за визијата со која „Премиер“ чекори напред.Со јасна определба за квалитет, постојан развој и посветеност кон гостите и вработените, „Премиер“ ја зацврстува својата позиција како водечки бренд во областа на угостителството и забавата.