Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: малолетник паднал од моторцикл, тешко се повредил

На 05.10.2025 во 17:43 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Никола Тесла”, ул. „Ениџе Вардар” и ул. „Дрвар “во Битола, 17-годишник од Битола, управувајќи мотоцикл „априлија” со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот.

Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »