Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола ја извести јавноста дека се раздели со шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски.
Екипата на Пелистер ќе добие нов тренер по репрезентативната пауза, а е резултат на лошите резултати на клубот, во период кога на шест натпревари по ред во лигата не е забележана победа, а клубот се наоѓа во опасната зона. Така, двете страни нема повеќе да соработуваат и ќе се бара ново решение.
Капинковски на клупата на Пелистер дојде на местото на Срѓан Захариевски, кој во Битола беше само една полусезона.
Клубот му се заблагодари на Капинковски за ангажманот и прифесионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек на кариерата, а деновиве како најавија ќе го промовираат новиот шеф на стручниот штаб.