Press "Enter" to skip to content

Успешна – Прва меѓународна научна конференција на Технолошко-технички факултет Велес, единица на УКЛО Битола (фото)

Технолошко-технички факултет Велес, единица на универзитетот “Св. Климет Охридси“ Битола успешно ја одржа првата меѓународна научна конференција од областа на наука за храна, нутриционизам, иновативни технологии и одржливост. Научниот одбор на конференцијатата е од 11 земји од светот,  а со свои трудови учество на конференцијата зедоа повеќе од 100 автори. Од конференцијата произлезе Книга на апстракти, а ќе биде објавен и Зборник на трудови.Меѓународниот собир опфати и обраќа од претставници од Организациониот одбор: деканот вонр. проф. д-р Везирка Јанкулоска, продеканот за наука и меѓународна соработка проф. д-р Весна Книгхтс и продеканот за наука и меѓународна соработка вонр. проф. д-р Александар Станковиќ од Факултетот за применети науки од Ниш, Република Србија, кои посакаа успешна конференција со плодни дискусии и решенија за денешните и идните предизвици од областа на храна, нутриционизам и одржливост.Излагања како поканети предавачи имаа и:  проф. д-р Јасенка Гајдош Кљусуриќ, од Прехранбено-биотехнолошкиот факултет од Загреб, Република Хрватска и проф. д-р Гокхан Дурмаз од Инону Универзитетот Малатија, Турција и Универзитетот во Масачусетс Амхерст, САД, кои говореа за примената на современи техники и методи за развој и одржливост на храната и исхраната.Авторите имаа можност да ги претстават своите трудови во повеќе сесии: наука за храна; функционална храна, нова храна, иновативни технологии и иновативни продукти; нутриционизам; исхрана кај хронични болести; микробиолошка, хемиска и биохемиска анализа на храна, квалитет и безбедност на храна; моделирање и оптимизација во прехранбена технологија и нутриционизам; храна, одржливост и животна средина.На конференцијата што ТТФ Велес ја организираше на 03.10.2025 година беа презентирани трудови од научници, експерти и практичари од различни земји кои понудија заеднички решенија, со цел да се обликува храната и исхраната на начин кој ќе биде поодржлив, побезбеден и поздрав.Дискусиите и трудовите презентирани на оваа конференција отворија нови патишта за соработка и поврзување и  нови хоризонти за истражување помеѓу научниците – инспирација и за идните генерации научници.

More from ВестиMore posts in Вести »