На 08.10.2025 во 13:00 часот во СВР Битола, И.Ш.Л. (38) од Битола пријавила дека на работното место во факултет во Битола била физички нападната од 58 годишник од Ресен, студент на факултетот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 09.10.2025 во 00:20 часот на ул. „Партизанска”во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 24 годишник од Битола затоа што кај него е пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2025 во 00:45 часот во СВР Битола е пријавено дека во казино на ул. „Широк Сокак” во Битола, 47 годишник од Кичево го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.10.2025 во 14:38 часот во СВР Битола, вработен во ЕВН Битола пријавил дека при вршење ископ на ул. „Стара Чешма“ во Битола пронашле рачна бомба-кашикара. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата и констатирал дека се работи за неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна.