Press "Enter" to skip to content

Авторската претстава на Марјан Георгиевски – „Железно небо“ на фестивал на монодрама во Албанија

Народен театар – Битола на 11-ти октомври ќе учествува на првото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама „Verbum Est – Është Fjala“ кој се одржува од 6 до 12 октомври во Поградец, Албанија а покрај Македонија учествуваат монодрами од Италија, САД, Косово, Албанија, Украина, Колумбија и Шпанија.

Марјан Георгиевски заедно со Александар Димовски го создаде овој “cinema theatre”, користејќи повеќе алатки кои ги пружа театарот и филмот. Се работи за приказна за еден балканец, за се она што му е обесено на вратот, за неостварените мечти, за “зацапаноста” во малограѓанштината, за соништата кои не можат да се остварат. За тоа кога сме притиснати до ѕид – како животни, кога немаме друг избор освен да го земеме животот во сопствени раце. За бегањето од сопствените корени. Како е да се сонува со џебови полни камења?

Дизајн на звук и музика Александар Димовски, видео оператор Владимир Переловски, фотографија на плакат Сашо Илковски. Игра Марјан Георгиевски, а гласовите се на Јасмина Василева, Марко Богдановски, Марија Стефановска, Невена Ѓаковска.

More from КултураMore posts in Култура »