Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен од Висла во Лигата на Шампион

Висла Плок – Еурофарм Пелистер 36:25

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола ово рамките на Лигата на шампионите е поразен од Висла Плок славеше убедливо со резултат 36:25, а тоа е третиот пораз на битолчани во елитата по натпреварите со ПСЖ во Париз и ГОГ Гудме во Битола.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер беа рамноправнои дваесет минути, но големиот пад во играта потоа резултираше со висок плус за полскиот тим. Никола Митревски одличен на голот на Пелистер и имаше три интервенции. Резултатот беше 4:4 и 8:9, а оттогаш полјаците направија 11:9. Разликата потоа се зголеми и на одмор се отиде со  14:10.

Во вториот дел се имаше проблеми и со исклучувања и со промашени седмерци, вкупно три, па ривалот тоа го искористи за да запише убедлива победа во Лигата на шампионите. Хенигман доби директен црвен картон заради удар, а Висла одржуваше разлика од +4 (20:16). Пелистер промаши и три седмерци, Висла тоа го искористи и се одлепи на 29:20 што беше доволно на крајот за победа. 

Кај Пелистер најефикасен беше Дејан Манасков со седум гола, а Павле Атанасијевиќ погоди четири пати, додека Никола Митревски фати девет топки.