-Најбрзите 100 навивачи кои ќе купат сезонски билети, ќе добијат и подарок – маица од КК Пелистер.
Кошаркарскиот клуб Пелистер ги пушти во продажба сезонските влезници за 2025/26, сезона во која нашиот клуб ќе се натпреварува во домашното првенство, но и ќе дебитира на европската сцена во рамките на групната фаза од ФИБА Европа Купот.
Цената на сезонските билети изнесува 4.000 денари, со што нашите верни битолчани ќе можат да ги следат сите домашни средби на КК Пелистер од почетокот до крајот на сезоната, во Супер-лигата, плејофот и во ФИБА Европа Купот.
Воедно, премиерниот меч на домашен терен го играме веќе утре, петок против екипата на Чаир, а сезонските билети ќе можат да се купат во билетарата на салата „Боро Чурлевски“ пред почетокот на овој натпревар.
Билети исто така ќе можат да се набават во тобако “ZIKS” спроти гроздот започнувајки од Петок.
Индивидуалните билети за суперлигашките натпревари ќе бидат по цена од 150 денари по натпревар.
-Како управа ги информираме нашите ценети навивачи дека праксата за делење гратис билети повеќе нема да се применува. Искрено посакуваме значајна посета на трибините, од фанови кои од срце го сакаат КК Пелистер и се подготвени да платат влезен билет, за на крајот заедно да се радуваме на победите на „зелено-белите“. „Гратисите“ заминуваат во историјата, но љубовта меѓу КК Пелистер и битолчани е посилна од било кога, соопштија од КК Пелистер.