Екипата на Пелистер од Битола назначи нов тренер за понатамошниот дел од сезоната, тоа е поранешниот репрезентативец Милан Стојановски.
Стојановски, кој има 52 години, никогаш не работел како тренер во Македонија, а како играч го носеше дресот со државниот грб 26 пати и постигна еден гол. Инаку, тој е роден и израснат во Србија, но од Македонија е по потекло по неговиот татко кој е од охридска Речица.
Откако потпиша Стојановски за Пелистер рече:
-Драго ми е што се вратив во македонскиот фудбал. Сакам да ги поздравам сите навивачи на Пелистер. Клубот се наоѓа во мала играчка и резултатска криза, но тука сме тоа да го поправиме и се надевам дека сè ќе биде во ред. Имаме репрезентативна пауза, се надевам дека следната недела добро ќе работиме и ќе ги поправиме и играта и резултатот. Сакам уште еднаш да ги поздравам љубителите на фудбалот во Битола, посебно нашите навивачи, кои верувам ќе бидат наш дванаесетти играч.