Денес, во четвртиот квартал од годината, болница “Плодност“ од Битола, со голема радост го одбележа раѓањето на 600-тото бебе. Истовремено, на одделението се родија 9 новороденчиња од различни градови: Охрид, Прилеп, Битола, Гевгелија и Кавадарци. Од нив 7 се девојчиња, а 2 момчиња.
-Мајката и нашето јубилејно 600-то бебе ни доаѓаат од Охрид. Породувањето го водеше д-р Сотир Ропи, заедно со мед. сестри: Сузан, Виолета, Мартина, Дијана, Маја, Нора и Даниела. Овој ден е уште еден потсетник на нашата мисија, да ја славиме секоја нова радост што доаѓа на свет и болница “Плодност“ да остане местото каде што соништата стануваат реалност, соопштија од болница “Плодност“.