На 08.10.2025 во 21:23 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 43 годишник од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки и при извршено алкотестирање констатирано е дека лицето возилото го управувал со 2,29 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.