Press "Enter" to skip to content

Ротари клуб Битола Пелистер подари голем ѕид-мурал во Зоолошката градина Битола

Светската недела на детето секоја година нè потсетува колку е важно да создадеме свет во кој децата растат со љубов, сигурност и поддршка. Оваа година, Ротари клуб Битола Пелистер го искористи овој прекрасен повод за да подари нешто трајно, топло и полно со симболика – нов, голем ѕид-мурал во Зоолошката градина Битола, создаден за децата и во чест на нивното детство.-Во соработка со децата од градинката „Мајски цвет“, имавме ден исполнет со детска насмевка и искрена енергија кој беше крунисан со промоцијата на овој уметнички проект, кој го обединува духот на градот, љубовта кон природата и важноста на човечноста, соопштија од Ротари клуб Битола Пелистер.Муралот претставува симбол на вредностите кои ги делат и промовираат ротаријанците во својата мисија за подобра заедница. Неговата цел не е само да разубави еден простор, туку да пренесе порака дека убавината, креативноста и позитивната енергија треба да бидат дел од секојдневието, особено кога станува збор за најмладите.-Како ротаријанци, веруваме дека вистинската промена започнува токму со грижата за децата – тие се иднината на нашето општество, носители на надежта и свежата перспектива. Со ваквите иницијативи, сакаме да покажеме дека хуманоста не е само збор, туку дело – создавање средини кои инспирираат, охрабруваат и потсетуваат дека сите имаме одговорност да придонесеме кон подобар и посреќен свет, додаваат ротаријанците.Муралот во Зоолошката градина нека биде место на кое секое дете ќе се насмевне, ќе замисли приказна и ќе ја почувствува убавината на светот што го заслужува. Тој е наш заеднички подарок за иднината, за сите мали и големи кои веруваат во добрината и во боите на животот.