Пелистер – Чаир 104:74
-Пелистер со моќно второ полувреме го демолираше Чаир, деби на тренерот Даскаловски во Битола, пет тројки на Митревски, одлични минути на надежите на Пелистер, одлично загравање за европските натревари.Кошаркарите на Пелистер во Битола, на свој терен, во спортската сала “Боро Чурлевски“ во второто коло стигнаа и до втората убедлива победа во Супер лигата, на премиерата на домашен терен славејќи против Чаир со убедливи 104:74.
Гостите од Скопје успеаја да парираат во првото полувреме, но затоа во вториот дел можеше да се проследи доминација на „зелено-белите“ кои го добија овој дел од мечот со 57-26 и на крајот славеа со „плус 30“.
Средбата почна со поени на Малешевиќ, Пелистер поведе, а Чаир за момент ја презеде контролата над резултатот, но “пелистерци“ експресно одговорија и преку Дејвис поведоа со 15:10. Стојановски и Дејвис одговорија со нови поени за битолчани, пред Чаир да реализира пред крајот на четвртината и овој период да заврши со 25:20.
Битолчани во вториот период во неколку наврати имаа +6“, но полувремето мина во израмнета борба, но гостите од Чаир добро се снајдоа во последните минути во втората Четртија, и на одмор заминаа со поен предност 47:48.Јасно беше дека Пелистер мора да го крене нивото во одбраната и тоа конечно се случи во третиот период. По резултат 49:50 за гостите, следеше период од речиси шест минути без примени поени. “Зелено-белите“ во овој период направија серија од 13:0 и успеаја резултатски да се одлепат. Третата четвртина заврши со убедливи 77:61 за „пелистерци“.
Кошаркарите на Пелистер продолжија со одлична одбрана и во последните 10 минути во кои гостите постигнаа само 13 поени (27:13) трасирајќи си го патот до убедливата победа.Публиката имаше прилика да види одлична одбрана на Пелистер, пет-шест ултра атрактивни потези и забивања на американските засилувања, пет тројки на младиот репрезентативец Андреј Митревски, одлични минути на Крстевски во одбрана и асистенции во напад, а мора да се споменат и Малешевиќ, Стајиќ и Стојановски.
Новиот тренер на Пелистер, Борче Даскаловски имаше одлично деби пред битолската публика, а тоа што ги внесе во последните минути најмладите, иднината на клубот, публиката го награди со аплауз, како и постигнатите поени на најмладите.
Малешевиќ беше главна фигура со 23 поени, 8 скокови и 6 асистенции, 15 постигна Митревски, а 13 центарот Ленгстон Вилсон.
Следен предизвик за Пелистер е гостувањето во Загреб против Цедевита јуниор на 15 октомври, во првото коло од ФИБА Европа купот.