Press "Enter" to skip to content

MintIns осигурителен брокер донира книги за библиотеката на ОУ „Климент Охридски“ – Битола

Во рамки на својата општествено одговорна програма, компанијата MINT Insurance донираше книги за збогатување на библиотечниот фонд на Основното училиште „Климент Охридски“ во Битола.

Со оваа донација, MINT Insurance ја потврдува својата определба за поддршка на образованието и поттикнување на љубовта кон читањето кај најмладите.Веруваме дека секоја книга што ќе стигне во рацете на децата е инвестиција во подобра иднина. Нашата цел е да придонесеме кон развој на љубопитноста, знаењето и вредностите кои ја движат заедницата напред“, велат од компанијата.

Донацијата е реализирана во соработка со наставниците и раководството на училиштето, а библиотеката сега располага со нови современи и детски наслови достапни за сите ученици.