По повод 11 Октомври- Ден на народното востание во нашата установа се организира изложба под наслов „Непокор и слобода“, посветена на храброста, решителноста и борбата на македонскиот народ за слобода и достоинство.
Преку пишаните документи (книги и весници), изложбата потсетува на историскиот момент од 1941 година, кога започна организираната борба против фашизмот — чин на непокор и верба во подобра иднина.
Непокор и слобода – вечна инспирација за идните генерации.
Секое дело, секоја слика, секој документ зборува за народ кој не прифати тишина, туку избра непокор, за да ја создаде својата слобода. Да не заборавиме – слободата живее кога ја чуваме со срце.