Вечерва во галелеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола по повод 11. Октомври, Денот на народното востание, свечено беше отворена ликовна изложба на нашиот сограѓанин, посмртно, на Илија Кочовски, а ова е јубилејна изложба на слики и графики по повод чествувањето на неговиот 80-годишнината од неговото раѓање.Голем број на гости, љубители на ликовната уметност, а посебно на творештвото на Кочовски, беа присутни на изложбата, а галеристот д-р Драган Ристевски на отворањето на изложбата за Кочовски рече:
-Ова е вистински подарок за сите нас, на денот 11. Октомври, кога имаме да видиме дел од големото творештво на Илија Кочовски. А за Кочовски само ќе кажам, роден во Битола 1945 година. Завршил Училиште за применета уметност во Скопе и Академиа за ликовна уметност во Белград. Во ликовното творештво и на јавни ликовни манифестации присутен е од 1967 година. Кочовски приредил 30 самостони изложби, 17 со “Ликовната група 77“, учествувал на голем број групни национални и меѓународни изложби во Париз, Лондон, Глазгов, Стокхолм, Буенос Ариес, Белград, Љублана, Софија, Варна, Канагава, Мелбурн, Харов, Рациборш, Вироинвал, Прахова, Анкара, Истанбул.
Ликовниот критичар Владо Ѓоревски прво зборуваше за галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола, а потоа за авторот и делата.
-Сакам да кажам дека со голем елан и одлична ликовна концеприја галеријата “Ранко Струмениковски“ размилува ликовниот живот во Битола, тоа е мое лично мислење, но убеден сум дека ова е место кое сериозно размислува за ликовната уменост. Овој вовед го кажувам дека вечерва имаме прилика да водиме еден од најзначајните македонски ликовни автори. Да се донесе ваква изложба е подвиг, затоа што ова не е ретриспектива туку е жива зиложба во која е направен совршен концепт од неколку аспекти, историска изложба. Сметам дека е најзначајна изложба во 2025 година во Битола, затоа што Илија Кочовски е еден од најзначајните и најдлабоките мислители во ликовната уметност, рече Ѓоревски и додаде:
-Кочовски во почетокот, своот ликовен израз го изградува со внесување на човекот, сместен во посебен специфичен, колористички чист простор. Тоа е амбиент во ко што се случуваат психолошки молчаливи тајни, мисловни преспитувања и истражувања. Својот зрел и автентичен израз го гради макотрпно, студиозно, перфекционистички, долготрајно. Во тој негов јасно дефиниран творечки израз, ја напушта фигурацијата, како своевиден визуелен наратив и изградува композициски и симболичен систем, начесто составен од два фундаментални елементи: стилизиран и метафоричен геометризам и светлосни линиски чисти и скоро праволиниски преплети. Неговиот принцип во овој систем има обратна насока од принципот на изградувањето на сликарските претстави- во овој негов избрусан стилистички амалгам, тој напрво го внесува неговиот сложен систем, изграден според одредена негова лична ментална метафизика, а во таа привидна апстракциа која е чиста мисла, го пресоздава светот на природата. Тоа е свет од кој што извира светлината, тоа не се изгреви или залези туку раѓање на светлината од внатрешноста, најчесто на кристализираните планински врвови (Пелистер) и геометризмот на постоењето на природата изразена преку линиските системи на сложените и тајни шумски “организации”. Кочовски со овој ликовен израз создава ликовен опус кој што допира до одредена јасна чиста универзална мисла преку која допира до тајните на природата, чии одраз сме самите ние…
Кочовски е добитник на голем број на награди: ЛИКУМ, Годишна изложба ДХМ 1985 година, Ноемвриска награда на Уметничката галерија Битола, Ноемвриска награда за исклучителни резултати во творештвото за 1988 година, Битола, диплома на Првото меѓународно графичко триенале во Битола во 1991 година, Мајска награда на Друштвото на ликовни уметници во Битола во 1996 година, Мијачки зографи во 1996 година, награда „4 Ноември“ на град Битола во 1998 година, награда Екс Либрис во Риека, 1999 година, награда “Борис Траиковски“ на Друштвото на уметници во Битола во 2006 година.
Илија Кочовски бил член на ДЛУБ, Ликовната група 77/Кочовски, Кочевски, Манев/ и ДЛУМ.
Текст и фото: Сашо Ристевски