Press "Enter" to skip to content

Прес-конференција на Пелистер и Динамо Букурешт пред утрешниот пријателски натпревар во Битола (фото)

Попаладмево во прес центарот на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола се одржа средба со новинарите, а повод беше утрешниот фудбалски пријателски натпревар на екипите на Пелистер и Димано Букурешт, кој се игра во рамките на одбележувањето на 80 годишнината од формирањето на фудбалскиот клуб Пелистер.На пред конференцијата присуствуваа капитените и тренирите на двата клуба.

Мирко Ивановски, капитен на Пелистер рече:-Емоции секогаш постојат кога се во прашање клубови каде со љубов си настапувал и си го сакал дресот на клубот, па така ќе биде и утре кога ќе играм за мојот матичен клуб Пелистер, а од другата страна е клубот каде сум поминал извесно време и за кој клуб имам голем респект. Очекувам ееден фер и коректен натпревар, да одиграме квалитетно, да има шанси за гол, и тоа да биде можност за нашиот тренер да види со каква екипа располага, да има убид за понатаму кога имаме важни натпревари во првенството. Најбитно е да помине натпреварот во најдобар ред, да нема повреди во двете екипи. Да одиграме квалитетен натпревар, да славиме еден голем јубилеј како што доликува на клубот – 80 години постоење и друг јубилеј – 40 години навивачка група “Чкембари“.  Тренерот на Динамо Букурешт,

Жељко Копиќ, тренер на Динамо од Букурешт,  за престојот во Битола и утрешниот натпревар рече:-Секогаш кога имаш пријател, и кога ќе те повика редно е да одговориш на поканата. Мирко беше со мене во два фудбалски клубови во Хрватска и во Романија во Динамо, и на неговата покана не размислував, и штом го проверивме нашиот клубски календар и во разговор со управата на клубот се договоривме да дојдеме во Битола на ова гостување и ја са збогамите прославата на фудбалскит клуб Пелистер. И за нас ова е добра шанса да одиграме квалитетен фудбалски натпревар за кој направивме еден комбинирам состав на тимот, од стандардни фудбалери кои се дел од основата на тимот, а се приклучени и фудбалери од младинската екипа. Сите кои го следат Динамо знаат дека инсистираме да играме квалитетен фудбал, а сите кои ќе фојдата да го гледаат натпреварот уберен сум дека ќе уживаат во тоа што ќе го прикажат двете екипи.

Утре натпреварот е закажан во 17,30 часот, а претходно во 16 часот ќе се одржи свечена академија по повод 80 години ФК Пелистер.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »