Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: уапсени три лица за дрога

На 10.10.2025 во 22:30 часот на крстосница од ул. „Крушевска Република“ со ул. „Григор Прличев“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица на возраст од 28 и 34 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едно лице е пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
 
На 10.10.2025 во 18:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 35 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, пронајдени се дигитални ваги со остатоци од прашкаста материја. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
More from ВестиMore posts in Вести »