ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност. Овој пат ФТ Митко Василев ќе ве информира за ахилодиниа, модерна болест на нашето време, за што вели:
-Ахилодиниа – по новите истражувања има две насоки тендиноза – дегенеративна состојба (хроничнана) на Ахиловата тетиваили и тендинитис – акутна внезапна воспалителна состојба.
Ахиловата тетива е најсилната и најголемата тетива која што е локализирана во задната страна на подколеницата. Се наоѓа помеѓу мускулите на листот (m.gastocnemius i m. Soleus) и петната коска. Извршува стабилизација на стапалото, главна функција пренесува сила од мускулите на подколеницата и извршува пренос на сила за подигање на прсти на стапалото
Ахилодинија или тендиноза се карактеризира со болка повисоко од припојувањето со петата, во тетивниот дел. Болката кај тендинозата е не многу голема или болка при движење. Други симптоми се ограничено движење – минимално скратување – контрактура на тетивата, потешкотии најчесто наутро или при првично чекорење. Болна палпација често со типично задебелување – оток.
Болка при подигање на прсти. Често чуство на болно крепитирање при движење на стапалото. Кај тендинитисот болката е изразена има црвенило и топлина, болна палпација. Болка при сите движења кога се активира тетивата. Невозможно одење на прсти заради силна болка. И во двата случаи се разликува од комплетна руптура на тетивата.
Дијагностициранје се прави со физикален преглед, ехосонограф, и во потешки случаи магнетна резонанса.
Причините за настанување на тендинитис се интензивен физички напор, нагло зголемен интензитет на тренинг и несоодветен одмор, нагло започнување на тренинг после пауза.
Кај тендинозата исто може да е причина постојан прекумерен напор, неадекватни обувки, активности на не рамен терен, паднат свод на стапало, слаби мускули на нозете, зголемена телесна тежина, конзумирање на кортикостероиди и одреден тип на антибиотици кој ги слабеат тетивите. Често кај спортисти недоволно загревање и стречинг прет почеток на тренинг.
Лекувањето кај тендинитите – акутните состојби е одмор, ладни облоги, и минимална физичка активност, изометрицни вежби.
Се препорачува активна физикална терапија со цел намалување на воспалување и оток, подобрување на еластичноста на тетивата, регенерација на оштетените делови на тетивата. Регенеративна метода која дава одлични резутати е “Guna Foreza“ неинвазивен, конзервативен третман.
Втора фаза се препорачуваат вежби за зајакнување на тетивата ексцентично зајакнување, вежби за мускулатурата на подколеницата и вежби за плантарна регија на стапалото кај паднат свод на стапало.
Трета фаза вклучивање на скокови, баланс вежби и кординација. Постепено вклучување на трчање и тренажен процес кај спортисти.
Кај хроницните слуцаи – тендиноза, се препорачува антишок влошки за намалувње на тензијата и напнатоста во подколеницата, елиминирањ на сите причинители пред се.
Намалуванје на телесната тжина. Во детска воздраст потребно е превентивно делување или решавање на проблемите со стапалата.
Кај спортисти важно е правилно натоварување и соодветен одмор, стречинг вежби пред и после тренинг или натпревар.