Одигран приајтелски натпревар помеѓу кадетските селекции на РК Еурофарм Пелистер и репрезентација на Македонија, каде што победа издвојува националната селекција. После рамноправната игра во првото полувреме, во вториот дел шанса за настап добија сите играчи за настап во тимот на Еурофарм Пелистер, со што се изгуби рамноправниот ритам, при што нашиот национален состав направи резултатска предност.
Одлична партија за тимот на Еурофарм Пелистер прикажаа Тео Спировски кој постигна 9 погодоци, како и голманот Иван Младенов кој бранеше во првите 30 мин, како и левото крило Павел Велјановски со 5 и пивотот Јован Симоновски со 4 погодоци кој исто така е стандарден репрезентативец, меѓутоа настапи за домаќинот.
За тимот на Еурофарм Пелистер настапија: Младенов, Пајковски, Трајковски (голмани), Велјановски 5, Кочанов, Бундалевски, Кебаковски, Павловски, Здравковски, Спировски 9, Митровски, Мијалчев, Илијевски, Георгиев 4, Дамчевски 1, Бојчевски и Симоновски 4 со тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски.
За кадетската репрезентција на Македонија настапија: Фехми и Николовски (голмани), Лазаревски 3, Ѓорѓиевски 4, Дамчевски 1, Николоски 3, Ѓорѓиевски 3, Трсунов, Вуичевски 3, Ѓорчевски 2, Петрески 1, Ристов 2, Симовски 2, Поповски 5, Гарбески 3, Лешинковски 3, Стручен штаб: Горан Кузманоски -селектор и Мите Стоилов -тренер.