Press "Enter" to skip to content

Свечена академија 80 години фудбалски клуб Пелистер од Битола (фотогалерија)

-ФК Пелистер од Битола денеска прослави три јубилеја, 80 години од постоењето на клубот, 40 години од навивачката група “Чкембари“ и 50 години од “златната“ генерација на клубот која што го направи најголемиот успех и за првпат заигра во Втората југословенска лига.

-Се одржа и свечена церемонија на која клубот ги одликува своите легенди. Попладнево во Офицерски дом во Битола, Општина Битола, сопственик на  Пелистер со свечена академија го одбележа јубилејот 80 години од формирањето на клубот.На свеченоста присуствуваа покрај претседателот на клубот Александар Стефановски, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, пратениците Олга Лозановски и Пеце Милевски, претседателот на Сенатот на УКЛО – проф. д-р Филип Поповски, гостите од Букурешт, поранешни фудбалери, поранешни тренери на клубот, поранешни претседатели на Управи, навивачи, партнери на клубот, претставници на други клубови кои го носат името Пелистер…Пред фудбалерите од повеќе генерации на ФК Пелистер, како и гости на клубот од романскиот шампион Динамо-Букурешт, градоначалникот на Битола Тони Коњановски истакна дека е чест да се биде градоначалник во годината на јубилеите на клубот и верните навивачи.-Јавно се заблагодарувам на сите ентузијасти, фудбалски работници, тренери, спортисти кои оставиле голема трага во ФК Пелистер. Осумдесет години “зелено-бела“ боја во Битола, тоа е Пелистер,  бренд кој поврзува генерации цели 80 години и не се сомневам уште многу, многу години во иднина. Брендот Пелистер и фудбалскиот клуб сега се на стадион со полн сјај, а тоа е стадионот “Петар Милошевски“ како прекрасен дом на фудбалот. Ние ќе продолжиме со силна поддршка на фудбалот за идните генерации растат во здрава атмосфера и со здрав дух, посочи градоначалникот Коњановски.Александар Стефановски, претседател на клубот на свечената академија рече:-Одбележуваме голем јубилеј, 80 години од основањето на гордоста на Битола – ФК Пелистер. Осум децении постоење во кои бројни генерации со чест и голема љубов го носеле дресот на ФК Пелистер. Осум децении спомени, радост и предизвици, победи и порази, но пред се години исполнети со истрајност и верба во својот идеал Пелистер да биде симбол на спортскиот дух и македонската гордост. Нашиот клуб, не е само спортска институција туку и дел од идентитетот на Битола. На терените под Тумбе Кафе израснаа генерации кои научија каква е љубовта кон клубот и затоа ФК Пелистер е мост меѓу минатото и иднината, меѓу сите што го сакаат спортот и посебно фудбалот како сила што обединува.Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ прелу видео им се обрати на просутните и нагласи:-Честитам на сите кои со својата верност и посветеност го сакаат ФК Пелистер и навивачката група Чкембари. Овој клуб е македонско национално спортско богатство.Златко Талевски од Битола, член на УО на ФФМ од Битола додаде:-Поздрав до сите што го сакаат и навиваат за најстариот македонски фудбалски клуб Пелистер и најсилната навивачка група „Чкембари“. Клубот ќе продолжи да биде репрезент на градот и на сите нас.На церемонијата во Офицерскиот дом во Битола, некогашните асови на Пелистер, Петар Упалевски и Спасе Ристевски добија Награда за кариера. Петар Упалевски, добитник на награда за кариера заблагодарувајќи им се на присутните рече:-Со гордост настапував за ФК Пелистер и во оваа прилика посебно ги поздравувам моите другари и пријатели со кои како македонски прваци заедно влеговме, се пласиравме во Втората фудбалска лига. Сакам со еден аплауза да го поздравиме оние од таа генерација кои се тука со нас. Клубот на Спасе Ристевски му додели награда за кариера, а тој рече:-Фудбал се играл и ќе се игра. Имало фудбал пред нас, со нас, а ќе има и после нас. Важно е што нашата генерација успеваше, што освојувавме трофеи, во 2001 година го освоивме Купот на Македонија, а јас бев на чело на стручниот штаб, но купот го освоивме и во 2017 година кога јас бев помошник на шефот на стручниот штаб. Затоа горд сум на успесите на мојата генерација.На церемонија пред ревијалниот меч со Динамо Букурешт, одликувани со признанија беа и Драганчо Димитровски и Бруно Пресилски.Бруно Пресилски е стрелецот на историскиот прв гол во независна Македонија. Првиот погодок во ПМФЛ Пресилски го постигна во 5. минута од натпреварот на кој Пелистер убедливо го совлада Рудар (5:0), на 23 август 1992 година, со што стана првиот стрелец на гол во историјата на македонската Прва лига.Димитровски, пак, е најдобриот стрелец на Пелистер во прволигашкиот шампионат на Македонија. Признанието го прими неговиот син Дарко.Преку видео обраќање се обратија и легендарниот тренер на Пелистер – Ѓоко Хаџиевски.Присутните имаа прилика да гледаат кратки видеа, искажувања на четири генерации на фудбалери, две кои освоија трофеи – куп на Макеедонија, и две генерации повозрасни фудбалери.Модератот на свечената академија беше Зоран Мишевски.Во културно – уметничкиот дел настапи Алексеј Ивановски. Сашо Ристевски

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »